Мустафа Селмани стави крај на фудбалската кариера

Фудбалерот на третолигашот Големо Коњари, Мустафа Селмани одлучи да стави крај на неговата играчка кариера и да ги закачи копачките.

30-годишникот заминува како легенда на овој клуб и миленик на навивачите и публиката. Селмани во Големо Коњари пристигна во септември 2022 година од екипата на Ново Црнилиште, а претходно настапуваше за поранешниот второлигаш Братство од Житоше.

Селамни беше еден од најдобрите играчи за Големо Коњари, но и најдобар стрелец за тимот во овие изминати две сезони.

Големо Коњари на полусезона беше прв на табелата, но во пролетниот дел со неколку клучни порази сезоната ја заврши на 4. место со 37 бодови во Трета лига – Југ каде шампион е Борец кој има 51 бод и ќе игра бараж за влез во Втората лига против Влазерими, кој е шампион во Трета лига – Запад.

Александар Ванев, М-Нет