
Младиот штипски атлетичар Даниел Самаров кој настапу за атлеткиот клуб Делта од Скопје, забележа високи резултати на државното првенство кое се одржа во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“.
Младиот Самаров освои трето место на 800 метри и прво место на штафета 4х400 метри. Во изјава за телевизија М Нет младиот атлетичар рече дека е задоволен од постигнатите резултати од државното првенство.
Самаров сега ќе се посвети на уличните трки во Струга, Охрид и Велес.
Самаров претходно триумфираше на 1.500 метри на младинско првенство што е негов најголем успех.
Самаров сега исто така се подготвува и за настап на младинско првенство во јуни месец, а младиот штипјанец очекува да се претстави во најдобро светло како член на атлетскиот клуб Делта.
Пред младиот Самаров доправа следи блескава атлетска кариера, тој е максимално посветен и веќе се подготвува за неговите следни трки.
Александар Ванев, М-Нет