
По две сезони во Трета лига – Југозапад екипата на Кораби од Дебар е пред можноста да се врати во Втората македонска фудбалска лига, а на Градскиот стадион во Дебар да се гледа одново второлигашки фудбал.
Кораби лесно стигна до првото место и шампионскиот пехар, го обезбеди баражот за Втора лига, а пред Кораби остануваат уште 90 минути до остварување на посакувата цел, да се вратат во второлигашкото друштво, откако пред две сезони испаднаа од Втора лига – Запад.
Адмир Косоврасти од управата на Кораби најпрво упати јавна благодарност до нас како медиум кој е посветен на македонскиот спорт пред се на второлигашите и третолигаши кои добиваат максимална поддршка, како и на младинскиот фудбал.
Косоврасти ја оцени сезоната како успешна и квалитетна со оглед на фактот што клубот заврши на првото место со само еден пораз и еден нерешен натпревар.
Кораби во баражот ќе се соочи со шампионот на Трета лига – Исток, екипата на Вардарски и веќе се прават подготвки и анализи за овој бараж меч.
Кораби е клуб кој што годинава ќе прослави 104 години од неговото постоење, овој фудбалски клуб е белег на градот Дебар.
Бараж натпреварот меѓу Кораби и Вардарски ќе се одигра во Маџари, во сабота од 17 часот.
Александар Ванев, М-Нет