Младите од Свети Николе, наместо дома работат во Италија и Германија

Свети Николе во живот го одржува земјоделството, но со година во година се уништува. Во вчерашната Зум анализа од политичката партија Левица, посочуваат дека моментално се води политика на разрушување на земјоделството. Затоа што сите плодни површини од кои се произведуало храна, денес биле дел од стаклените џунгли на кои се поставуваат фотоволтаични панели.

„Како клучна гранка во нашата општина е земјоделството, односно земјоделците дават најголем импакт во локалната економија. И како власта моментално води политика на разрушување на земјоделството. Сите плодни површини денес станаа за поставување на фотоволтаични панели. Секојдневно се гледа како нивите со најквалитетно земјиште, денес се станклени џунгли.“ – изјав и Симонов

Посочуваат дека во Светии Николе не се отвараат големи фирми,семејствата преживуваат со дневни или месечни примања. Но често овој ппроблем го решаваат со заминување од нашата држава. Вооглавно велат дека заминуваат во Италија и се насочуваат на сензонска работа, а дел од населението заминува и во Германија каде остануваат да живеат.

„Освен неколку фирми што успеаа да ја преживеат криминалната транзиција, функционират со драстичен број на работници, меѓутоа ниту една нова поголема фирма не е отворена и во главно семејствата преживуваат со микр обизниси или со дневна или месечна или со миграција. Најпопуларни дестинации се Италија и Германија. Во Италија најчесто луѓето се иселуваат сезонски, а во Германија гледаме млади луѓе кои со семејствата заминуваат там и не се враќаат.“- додава Симов

Ова претставува голем проблем не само за Свети Николе, туку и за нашата држава, затоа што постојано заминуваат нашите млади, и се соочуваме со проблеми дека и во места каде има работа нема кој да ја работи.

Лаура Стојанова, М-Нет