Популарни композиции вчера го одбележаа Светскиот пијано ден во Штип

Популарни композиции, го одбележаа Светскиот пијано ден во Штип. Со последователни концерти во два дена, настапија вкупно 102 учесника, од кои 18 од нив се ос останатите градови од Струмица, Радовиш, Велес, Куманово и Пробиштип. Денот на пијаното секогаш се одбележува на 88-от ден од годината затоа што пијаното има 88 дирки.

„Во изминатите два дена во организација на ДМУЦ Сергеј Михајлов Штип, се одржа денот на пианото, светски настан кој се одржува секаде низ светот. Првиот ден се одржаа два концерти кои се одржаа во салата во музичкото училиште во која настапија учениците од второ до четврто одделение, а вчера од 17,18 и 20 часот имаше уште три последователни концерти на кои првите два, каде учество зедоа учениците од основните музички училишта од ДМУЦ Сергеј Михајлов Штип , од основното училиште во Струмица, „Никола Карев“- Радовиш, „Стефан Гајдов“ – Велес, музичките училишта во Куманово и Пробиштип. Во овие два дена изведувачите на пијано претставија популарни композиции, публиката беше презадоволна имаше многу присуство. Се надевам дека и во иднина овој настан ќе биде посетен од нашите сограѓани.“ – изјави Јанев

Посочуваат дека присуството на публиката им било од многу големо значање, и велат дека пијаното е еден од омилените инструменти за учениците во државното музичко училиште во Штип. Велат дека одбележувањето на овој ден преставуваше задоволство и за наставниците и за учениците. Катите за влез беа бесплатни, а концерите се одржаа во во музичкото училиште и во салата на Економски факултет.

Лаура Стојанова, М-Нет