Младиот борач, штипјанецот Марио Ананиев освои трето место на ЕП во Грција

Овие денови се одржува Европското првенство во борење за пионери во Грција, а таму веќе имаме една одлична вест.

Младиот борач, штипјанецот Марио Ананиев го освои третото место.

Ананиев уште за време на репрезентативните подготовки во Штип, за телевизија М Нет изјави дека е подговен за Европското првенство и најави дека во Штип ќе се врати со медал, а тоа и се оствари.

Александар Ванев, М-Нет