Слога Виница се приклучува на хуманитарната акција за Бошко Јанкулов

Спортски работници, фудбалски клубови, фудбалери се приклучуваат на хуманитарната акција за младиот Бошко Јанкулов од Кавадарци, за негово лекување во Турција, откако му беше дијагностициран карцином на коските, карлицата и белите дробови.

На барање на двајцата фудбалери на ланскиот второлигаш Слога Виница, Слободан Манев и Игор Ѓоргиев од Кавадарци, управата на клубот одлучи да се приклучи на хуманитарната акција за собирање на финансиски средства за лекување на Јанкулов.

Клубот одлучи дресот на нивниот капитен да биде ставен на аукција, кој ќе биде потпишан од сите играчи.

Аукцијата веќе е започната, а ќе заврши на 26. мај на полноќ. Почетната цена на дресот е 1.000 денари, а тој што ќе понуди најголема понуда ќе го добие дресот од капитенот на Слога Виница, а средствата ќе биде уплатени на сметката на Бошко Јанкулов за неговото лекување.

Фудбалска Македонија се обединува за младиот Јанкулов, откако претходно и Александар Златев од Кавадарци стави дрес на аукција од капитенот на Тиквеш, Даниел Мојсов, а средствата ќе биде уплатени за лекувањето на Јанкулов, за што веќе објави телевизија М Нет.

Александар Ванев, М-Нет