
Цел месец ќе доцни сеидбата на оризот во кочанскиот регион. Водата не беше пуштена навремено вели Здравко Арсов, вадите останаа неисчистени што значи ем ќе се намали производството на ориз ем ќе се намали квалитетот на белото злато. Последиците за земјоделците ќе бидат катастрофални, оти тие вложуваат, а нема да можат да произведат доволно и квалитетно.
„За жал, ни една вада, системот е руиниран уништен 90%, вади неископани. Целата површина е веќе припремена, за жал напуштија ја кога нај не требаше на Велигден, на најголемиот верски празник. Луѓето по втор пат не можеа да ја преработат, останаа не преработени не прскани од плевен. Шо значи дека последниците ќе бидат катастрофални.“ – вели Арсов.
И како што велат оризарите, мора да чекаат до есента, а тоа би значело ризик за нив, додека тие предвидуваат дека сеидбата ќе трае до 15 мај. Главен проблем е тоа што ке бидат изложени на големи трошкови, а на виделина остануваат без ништо.
„Шо значи ние ќе сееме сеа до 15 мај, и втори и трети можда.значи после 15 седибата мислам дека не е у ред да чекаме добра есен тоа е значи ризик. Ќе се изложеме на трошкови и ќе бидеме со катастрофални последици и у приносите и у давачките у сите тие работи. Што значи некаде дека произовдната цена ќе ни испадне некаде 40-45 денари а они ја откупуват по 30 денара. Шо значи катастрофа е.
Предвидената површина за сеење изнесува 2000 хектари, а од нив ниту 10% не се посеани. Водата во атарот на село Спанчево и село Соколаци е веќе пуштена, но додека стигне до Облешево, Чешиново, Крупиште ќе треба подолго време, што значи дека седибата ќе доцни цел месец.
„Тука се сее на мала површина, 2000 хектара ни 10% не е посеано. Атарот Спанчево Соколарцу пиштена е пред два дена, додека да стигне тука Облешевп, Чешиново, Крупиште горе шо значи седибата касне за цел месец. “ – вели Арсов.
Сеидбата на оризот треба да започне кон средината на претходниот месец, велат оризарите. Во атартот на село Оризари вода беше пуштена претходно со што оризот беше засеан навреме, но во Облешево доцни како и претходната година.
Лаура Стојанова, М-Нет