Мицкоски: Три милиони килограми оризова арпа очекуваме да се откупат до крајот на годината

Три милиони килограми оризова арпа да се откупат до крајот на годината, се очекувањата на Владата, а исто толку до март месец наредната година. Со ова оризот нема да стои во амбарите на оризопроизводителите, а истите ќе бидат мотивирани повторно да произведуваат. Во наредните 20 дена треба да бидат исплатени и субвенциите, а средствата ќе бидат пренаменети на денешната он лајн седница на Владата.

„Очекуваме да се откупат три милиони килограми до крајот на годината. Следната година до март исто така да имаме околу три милиони килограми оризова арпа кои би се откупиле од страна на државата. Како држава се обврзавме предвреме до крајот на годината да ги исплатиме субвенците. За откупувачите, тие кои ќе извезат оризова арпа за еден тон дополнителна субвенција од 100 евра или 6 денари по килограм“ – вели Мицкоски.

Освен оризарите, историски момент е постигнат и со тутунарите посочи Мицкоски. Наместо досегашни 375 денари за килограм тутун прва класа, постигнат е договор истиот да се откупува по цена од 400 денари по килограм. Зголемени сеи субвенциите од 80 на 100 денари или 140 милиони евра ќе завршат кај тутунарите.

„Работевме заедно со тутунарите и дојдовме до овој историски момент. Цената за откупот на тутунот беше 375 денари за килограм прва класа. Реколтата е некаде околу 17 милиони килограми со исклучително добар квалитет и дојдовме до посакувана цена од 400 денари по килограм“ – додава Мицкоски.

Приоритет на Владата се емјоделците вели Мицкоски и додава дека со зголемување на реколтата кај производите и квалитетот, земјата треба да биде извозник на храна, а не увозник.

Лаура Стојанова М-Нет