
Поставен камен темелникот на доградбата на детската градинка „Кокичиња“ во село Таринци. Проектот е со вкупна вредност од 19 300 илјади денари, финасии обезбедени од Министерството за труд и социјална политика, и кофинансирање на Општина Карбинци со околу 30%. Со доградбата на оваа градинка ќе се намали листата на чекање на дечињата од ова населено место.
„Камен темелник на доградба на детска градинка која ќе значи капацитет за нови 50 дечиња кои ќе може да ги прими оваа детска градинка. Навистина е добро што листата на чекање во Општина Карбинци се големи со што покажуваме дека демографијата е во позитива. Оние проекти кои беа заглавени во делот на детската заштита, во изминатиот период на голем дел од градинките поставивме камен темелници или беа отворени. Во следниот период ќе се отворат и градинките во Битола, Прилеп и Свети Николе.“ – вели Велковски.
Во меѓувреме откочен е и процеост за вработените во детските градинки. Повеќе од 2100 воспитувачи и негователки ќе имаат можност да добијат лиценци и да се вработат во детските градинки. Премиерот, Христијан Мицкоски, посочи дека родителите треба да бидат спокојни бидејќи ќе има место нивните деца да бидат згрижени во детските градинки.
„Со ова драматично ќе се подобрат во позитивна смисла условите за децата. Капацитетот е 50 дечиња“ – вели Мицкоски.
Во оваа прилика Мицкоски посочи дека и во иднина продолжуваат со реализација на проекти во сите населени места.
Лаура Стојанова М-Нет