Мал Ајакс од Штип пролетниот дел го отвара со гостување кај Јувентус Серава, Проект е на чекор од шампионска титула

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Синоќа започна пролетната полусезона во Првата футсал лига со дербито во Куманово каде во драматичен натпревар шампионот Форца по вторпат сезонава загуби од непоразениор лидер Проект со 6:7. Тимот од Јосифово е се поблиску до титула во шампионатот.

Колото ќе се комплетира во следните денови, односно до понеделник. Во сабота Мал Ајакс од Штип ќе гостува кај Јувенту Серава, каде штипјани ќе се обидат да извлечат позитивен резултат во битката за опстанок во елитата.

Во недела Кеги Моби на домашен терен ќе го пречека дебитантот Балкан, додека пак во понеделник на програмата ќе бидат два натпревари. Во Крива Паланка се среќаваат Осогово и Шкупи, а во Скопје екипата на Бутел ќе го пречека тимот на Клими.

Проект е непоразен лидер со 30 бодови, на делба на второто место се Форца и Кеги Моби со по 21 бод, со тоа што велешкиот тим има меч помалку. Останатите екипи бодовно се израмнети. Бутел е четврти со 13 бодови, Клими е петти со 12 бодови, а толку има и Јувентус Серава кој е шестти.

Балкан и Осогово го делат седмото место со по девет бодови, а во зоната за директно испаѓање се Мал Ајакс како претпоследен со шест бодови, а на дното односно последното десетто место е Шкупи со четири бодови.

Александар Ванев, М-Нет