Малите коледари од врата на врата со песна го најавија христовото раѓање

Со песна од врата на врата младите коледари утринава го најавија Христовото раѓање, со песна се најави големиот христијански празник Божиќ. За добрата вест се наградува, а награда за малите коледари беше отворена врата, колачиња, овошки и по некоја паричка. Традицијата се продолжува велат домаќинките кои подготвени ги чекаа коледарите да го најават христоовото раѓање.

За децата ова значи радост, за повозрасните предвесник дека годината ќе биде бериќетна.

Лаура Стојанова М-Нет