Стотина семејства од социјален ризик добија бадникови пакетчиња во Штип

Стотина семејства од социјален ризик денеска добија бадникови пакети за достоинствено да ја поминат бадниковата вечер. Пакетите се од Општина Штип во соработка со општествено одговорни компании и преставници од Урбаните заедници. Втора година по ред се реализира, а Јорданов се надева и оочекува да прерасне во традиција.

“Денес ќе поделиме стотина пакети на семејства од социјален ризик во пресрет на божиќните празници достоинствено да ги одбележат празниците под мотото „Сите безгрижни за божиќни празници“. Се надевам дека сѐ ова ќе прерасне во традиција и ја користам оваа прилика на сите наши сограѓани д им посакам мир, здравје, благососотојба во претстојните празници и развој во претстојната година.“ – вели Јорданов.

Пакетите содржат посна храна доволна за да се подготви бадниковата трпеза. Јорданов истакна дека со овој гест се придонесува сите граѓани скромно, но достоинствено да ги дочекаат празниците.

„Се она коешто е потребно за една бадникова вечера се во овие пакети, една посна вечера за да може нашите сограѓани достоинствено да ја дочекаат бадниковата вечера.“ – додава Јорданов.

Од урбаните заеднци упатија честитка до сите граѓани, благодарност до општината и пружија можност и граѓаните од социјалните семејстава да имаат благословена бадникова вечер.

„Како преставник од урбана заедница Васил Доганџиски најпрво на сите граѓани на Општина Штип им честитаме среќни новогодишни и божиќни празници. Денеска ќе посетиме неколку семејства со овој бадников пакет да и покажеме и посакаме благословена бадникова вечер“ – додава Николова.

Ваквата пракса со делење бадникови пакетчиња започна лани кога се спроведе за првпат во Штип, со тенденција истата да продолжи и во иднина.

Лаура Стојанова М-Нет