Македонската фудбалска репрезентација е на аеродромот во Тбилиси и секој момент треба да се врати назад во Македонија

По историската победа во Тбилиси во која Македонија со голот на Горан Пандев ја победи Грузија со резултат 1:0 нашите„лавови“ за прв пат во фудбалската историја обезбедија пласман на едно Европско Првенство. Пред малку разговаравме со Димитар Џонов член на Македонската ФФМ експедиција кој не информираше за најновите настани. Македонската фудбалска репрезентација во комплетен состав се наоѓа на аеродромот во Тбилиси и во секој момент треба да полета назад. Сепак неизвесно е дали поради маглата по два и пол часовен лет ќе слетаат на аеродромот во Скопје или во Приштина. Инаку атмосферата во цела Македонија е славеничка и на величенствен начин се прославува по улиците на Скопје, Битола, Охрид, Штип и др. македонски градови

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk