Прва лига Футсал: Астибо – Јувентус вечерва во Штип

Комбинирано денес петок и утре во сабота ќе се одиграат натпреварите од третото коло во рамките на Првата Футсал лига на Македонија. Поради пандемијата немаше испаѓање од лигата а со влегувањето на двете второлигашки екипи во оваа нова сезона се натпреваруваат 12 екипи. Меѓу нив се и двата фудбалски клуба од Штип, Астибо и Мал Ајакс.

Информациите од тренерот на Астибо, Илија Митров велат дека во првите две кола тие играле на гостински терен. Во првото коло Астибо во Кавадарци одигра нерешено 4:4 со Црна Река а во второто коло загубија со резултат 3:0 од Шкупи во Скопје.

Вечерва во натпревар од третото коло Астибо ќе биде домакин на екипата на Јувентус Серава а натпреварот ќе се одигра во спортската сала Тошо Арсов со почеток во 19.00 без присуствио на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk