Наместо промоција на доктори на науки библиотеката одлучи да промовира нивна монографија

Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ Штип која традиционално од 2002 -та година организираше манифестација за доделување на титула за доктори на науки оваа изостана поради соочувањето со корона кризата и постоењето на ризик од зараза одлучено е наместо овој настан да реализираат друга активност.

Поради опасноста од корона вирусот нашата библиотека одлучи оваа година да не ја организира манифестацијата за доделување на титула за доктори на науки наместо тоа одлучивме да имаме промоција на монографија во наше издавништво.            

Од оваа добро снабдена библиотека со секаков вид на дела од сите жанрови на литература кажаа дека сите изнајмени книги кога се вратат од читателите тие остануваат во посебна просторија така наречена место за изолација и добивање на соодветен третмат, дезинфекција и одстојуваат 72 часа за да се намали и најмала можност за присуство на ковид низ страниците од книгите. Нормално ковидот се одразува и врз посетеностна на читателите кои е значително намален но сепак доаѓаат.