Македонија против Данска – ако победиме против Чешка или Ирска како последна пречка за пласман на СП 2026

Македонската фудбалска репрезентација во полуфиналето ќе се соочи со Данска, така посака ждрепката.

Македонија ќе мора да ја добие Данска во полуфиналето, а потоа билет за Светското првенство кое се игра во САД, Канада и Мексико ќе мора да бара со победа против Чешка или Ирска.

Македонија со Данска ќе игра во гости, а ждрепката посака дури и доколку се пласираме во финалето, одново да играме на гостински терен.

Полуфиналето ќе се игра на 26 март, а пак финалето е закажано за 31 март.

Александар Ванев, М-Нет