
Боречкиот клуб Олимпија од Штип доби голема донација од бугарската амбасада – се работи за транспортно возило во вредност од 60.000 евра кое клубот ќе може да го користи за своите потреби.
Ова е голема донација е значајна за штипскиот клуб кој сега ќе има свое транспортно возило кое ќе може да го користи со цел олеснување во функционирањето на клубот во иднина.
Боречкиот клуб Олимпија бележи значајни резултати, како на домашната така и на меѓународната сцена, а оваа донација од бугарската амбасада ќе им помогне во развојот на клубот.
Од штипскиот клуб се заблагодарија до бугарската амбасада за оваа голема донација.
Александар Ванев, М-Нет