Купувачка треска на пазарот во Штип, цените растат, торбите празни, купувачите неми

Купувачка треска на пазарот во Штип, цените растат, торбите празни, а купувачите неми. Штипјани денеска се соочија со суровата реалност на крајот од месецот. Високите цени ги замолчија граѓаните и оние што зборуваа претходните петоци, денес ниту збор. Но, другите кои што сепак купуваа велат мора да се јаде. Иако скапо, сепак децидни добро е што воопшто има производите на тезгите на пазарите.

Задоволни, колку да им се исплатат основните трошоци, овој петок беа и производителите. Велат тешко годинава, нема млада сила, а тие се речиси во пензија.

Овој петок, овој петок дополнително се бараше и грозјето, кое се продаваше под ена од 80 денари, како и класјето, кои луѓето ги купуваа за речиси ниска цена. Од овој петок се продаваше и првиот праз, кој држеше висока цена.

Иван Митев, М-Нет