
Околу 150 пациенти од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ – Кочани, добија навремена и интензивна рехабилитација во одмаралиштето на МВР, каде под надзор на медицински тимови од Клиничката болница Штип и Општата болница Кочани им беше овозможен целосен третман. Пациентите поминаа низ физикална терапија, добија психолошка поддршка, како и стручна нега од пластични хирурзи од Скопје. Проектот се оценува како исклучително успешен, со видлив напредок кај повеќето пациенти. Д-р Никола Костадинов, раководител на физикалната терапија во Клиничката болница Штип, изјави:
,,Во изминатите два месеца во одмаралиштето на МВР беше одстапено со одлука на влада и беше центар за рехабилитација за повредените од пожарот од дискотетка Пулс Кочани. Имаше околу 150 пациенти, кои беа на рехабилитација, таму се одвиваше интезивна рехабилитација со физотерапефти од штипската КБ и од општата болница со проширена дејност Кочани. Од прилика имаше околи 150 пацеинети кои го посетија овој центар за рехабилитација. Проектот беше повеќе од успешен. Имавме многу добри резултати во однос на рехабилитацијата, не само на физикалниот третман, туку имавме и психолошка подршка, како и подршка од пластична хирургија Скопје.“, рече Костадинов
Сега се продолжува со интезивна рехабилитација на пациентите во општата болница Кочани и во КБ Штип. Околу шест пациенти се во Штип, додека во Кочани бројката е многу поголема.
Иако процесто траеше и ќе трае долго, сепак лекарите велат дека се задоволно согласно добрите резултати на пациетните. Потенцираат дека кај потешко повредени самата рехабилитација оди по бавно.
Иван Митев, М-Нет