Фолклорот е чувар на народната песна, танцот и обичаите. Бит на нашата традиција. Претставува творец во минатото раскажан преку песна. Нераскинлив дел меѓу минатото и сегашноста. Македонскиот народен фолклор е посебен културен феномен. Кој треба да се пренесува на идните генерации, само така можеме да ја зачуваме нашата историја. Најголемото културно-уметничко друштво „Ристо Донев- Учителот“ е најбројното во источниот регион, кој веќе постои 30 години. Со 120 члена од сите возрасни категории, кои несебично преку носиите ја прикажуваат нашата македонcка традиција.

За жал, поради глобалната пандемија Ковид-19 што го обиколи светот, КУД „Ристо Донев“ беа првите кои ги откажа сите настани и активности. Здравјето на нашите членови ни е најважно.
„Ние често настапуваме но, поради ситуацијата со Ковид-19 се одложени голем број на настани и активности“. Изјавува, Донев
Богатството на традиционалната музика е изразен во народните носии. И претставува македонски етно белег. Кој веќе години наназад се негува и почитува од Донев. Со вкупно 300 носии.
„Па, не е тешко. Напротив станува збор за 300 носии сепак тоа е нашата традиција која го опишува нашиот фолклор. Сите носии се пренесуваат од генерација на генерација“. Изјавува, Донев
Пораката која сакаме да ја испратиме со фолклорот, е прикажувајќи ја нашата традиција и да го чуваме нашиот идентитет. АКтивностите за 2021 година се со некои најави и со надеж да се започне во месец март. Според протоколите за заштита од Ковид-19. Го планиравме и традиционалниот фестивал четерсе, но за жал поради пандемијата нема да можеме да го реализираме. Но во престојниот период што следува, во летните месеци , ќе имаме доста активности и патувања во Македонија. Се разбира, доколку ситуацијата дозволува. Изјавува, Донев
Надица Стојковска/ М Нет
Игор Зиврев/ М Нет