
На утринската литургија во двете цркви во Штип пред положувањето на крстот во водите на река Брегалница, традиционално се одржа и лицитација на крстот. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село лицитацијата почна со 1.000 денари, а крстот замина во домот на семејството Пуриќ за 95.000 денари.
Крстот во домот на семејството останува 40 дена, а ваква традиционална лицитација се одржува и во цркви од други градови од државата, како што, на пример, во Кочани се одржа лицитација на икони од страна на верниците.
Ребека Спасова М-Нет