Кривична пријава против лице од Виница, во неговиот дом била пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против П.Г.(25) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 05.02.2021, при извршен претрес во дом и други простории на пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.