Кочани го празнува патронот на градот Петровден

“Убаво е да го освоите светот, да ги освоите големите градови, да ги освоите широките пространства, но возвишено е тоа што го носите во себе и што ќе го постигне во животот д го вратите во местото од каде што потекнувате“ – со оваа порака градоначалникот на Општина Кочнаи Љупчо Папазов ги поздрави младите најдобри луѓе во Кочани на партон празникот на градот, доделувајќи им ги наградите на најдобрите ученици во знаење, во спорт и други вештини.

„Останете вредни, трудољубиви, желни за нови знањења, а поддршката од нас понатаму нема да заостане“

Во текот на вчерашниот ден во градскиот парк во Кочани се одржа и литија, а се кршеше и славскиот колач, со кој впрочем и започна празнувањњето на празникот на градот Петровден.

Во изминатите неколку денови Кочани понуди богата културно уметничка програма, проследена со концерти, изложби и афористичка вечер како и настан за Петровден сите на планина. Вечерва завршува и петровденскиот мал фудбал во градот.

Лаура Стојанова М-Нет