
Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија вчера во хотел Хилтон, во Скопје одржа семинар со делегатите на натпревари во пресрет на почетокотот на вториот дел од сезоната 2022/2023 во Првата и Втора македонска фудбалска лига.
Во склоп на вчерашниот семинар, Комисијата за натпревари спроведе тестирање во кое се оценуваше фудбалското знаење и надлежностите на делегатите во натпреварите од Првата и Втора Македонска фудбалска лига.