Кожуф ќе одигра Меѓународен пријателски натпревар во Грција за време на репрезентативната пауза

Второлигашот Кожуф од Гевгелија ќе одигра пријателски натпревар во Грција за време на репрезентативната пауза против екипата на АЕП од Покастро.

Овој меѓународен пријателски меч ќе послужи за дополнително подигање на формата на екипата, која одлично стартуваше во новата сезона.

Натпреварот се игра во сабота во 18 часот по локално време.

Клубот работи на ангажман на уште едно засилување за продолжението од сезоната во Втората лига.

Инаку, на стартот од сезоната Кожуф одигра 2:2 со Каменица Саса на домашен терен, потоа славеше над Вардарски во Богданци во дербито на Југот со 1:3, а изминатиот викенд во рамки на третата рунда го декласираше Осогово со 4:1.

Кожуф е на третото место со седум бодови, а после репрезентативната пауза во рамки на 4. коло Кожуф ќе гостува во Автокоманда кај Скопје.

Александар Ванев, М-Нет