М Нет тренер на 3. коло Втора лига: Филип Деспотовски шеф на стручен штаб на Кожуф

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Кожуф изминатиот викенд со убедливи 4:1 го декласираше Осогово на домашен терен во убедлив и доминантен меч, а каде Дарко Гроздановски со четири гола ја искина мрежата на „жетварите“ од Кочани.

Таквиот пораз го вклучи црвениот аларм во Кочани и беше спогодбено раскината соработката со тренерот Добринко Илиевски, а во избор на телевизија М Нет тренер на колото е Филип Деспотовски, шеф на стручен штаб на Кожуф.

Второлигашот од Гевгелија тргна одлично во новата сезона, ремизираше дома со Саса играјќи 2:2, а потоа забележа две убедливи победи против Вардарски од 1:3 и дома над Осогово со 4:1.

По завршувањето на репрезентативната пауза Кожуф ќе игра против Скопје во Автокоманда.

Александар Ванев, М-Нет