
„Раат сакаат, луксузен живот, коли, шетање, мирња, планини, Шпании, Италии, тога го сакаат, деца не можат да исчуват, нормално.“
Младите заминуваат, децата не напуштаат, училниците се празнат, само тишината во училниците останува гласна, изјавуваат штипјани. Граѓаните велат дека причините се многу подлабоки, од променетите животни приоритети до суровата реалност на несигурна егзистенција. Дел од нив сметаат дека младите свесно се одлучуваат за едно дете или воопшто не планираат семејство, додека други ја обвинуваат трагата по подобар, поудобен живот. Додека други додаваат дека „мизеријата“ и недостатокот на пари ги оттурнуваат од родителство.
„На иселувањето на младите и на паѓање на наталитетот, младите не сакаат повеќе деца, по едно, доволно е.“
„Па има, кој прави денес деца. Никој не сака да прави деца. Ниту се женат, ниту се мажат, ниту деца раѓаат, ништо. Мизерија, мизерија, каде и да се обрнеш, за никаде.“
Анкетираните велат дека младите се почесто ја напуштаат државата во потрага по сигурност и подобар живот, оставајќи зад себе празни училници. Тие велат дека бројките паѓаат, но причината не е само личен избор, туку длабока егзистенцијална несигурност.
„Се должи на тоа што младите одат во странство. Во странство одат, гледаат дека овде нема соживот. Одат странство и затоа се намалува, нема толку деца. Па можеби бидејќи не се сигурни овде со работа оваа живеачка што е тука.“
„Во училиштат, во градот има сериозно проблеми. Затоа што се преселуваат граѓаните, знаете дека секогаш се во потрага по подоби услови за живот и мислам дека тоа е главниот егзистенцијален проблем.“
Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2024/2025 година е забележано намалување на бројот на ученици и во основното и во средното образование. Во основните училишта бројот на ученици изнесува 180 627, намалување од 0.8%, додека во средните училишта има 67 143 ученици, што е пад од 0.2% во однос на претходната година.
Дајана Сандева, М-Нет