Велигден во Источна Македонија: Сонце, ветер, дожд и температури до 20°C

Велигден во Источна Македонија ќе донесе променливо и динамично време. Како што истакна Марија Цветковска Атанасова, максималните температури ќе се движат помеѓу 17 и 20 степени, создавајќи идеални услови за прошетки и празнични собирања на отворено. Како што посочи Цветковска Атанасова, утрините ќе бидат посвежи, а во сабота наутро не се исклучува појава на утрински мраз на одделни места. Ќе има можност да се појават краткотрајни врнежи од дожд. Со вакво пролетно време, Велигден ќе биде совршена можност за заеднички моменти, весели дружења и празнични изненадувања на отворено.

„Да започнеме најпрво од денес, времето денес, сомчево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено заслилен ветар од северен правец. Максималната температура денес ќе биде во интервал од 12 до 20 степени. Утре не очекува променливо облачно и малку посвежо време со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7 степени, додека максималната температура во интервал од 12 до 19 степени. Понатаму следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Утре и во сабота утринската температура во источните делови ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви, ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветар, додека ќе биде поизразен во североисточните делови и долж Повардарието. Од сабота ќе дува југоисточен ветер кои во Понеделник и во Вторник во Источните делови од државата ќе достигнува и брзина од 60 км на час. Во Петок ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во Вторник во Западните делови, а во Среда на повеќе места ќе има појава на локален дожд и појава на грмежи.“- Марија Цветковска Атанасова

Како што истакна Марија Цветковска Атанасова. Во Сабота Југоисточниот ветер ќе се засилува, достигнувајќи и до 60 км/ч во понеделник и вторник. Во текот на неделата се очекуваат услови за слаби врнежи од дожд и локални грмежи, во Среда пак дождот ќе биде присутен на повеќе места.

Велигденските денови ќе бидат полни со пролетна динамика, свежина и можности за празнични моменти на отворено, со сончеви периоди кои ќе го разиграат расположението и создаваат идеални услови за дружења и прошетки.

Дајана Сандева, М-Нет