Како е да се трча во природа во Македонија, а како во Швајцарија или Европа? Каква е грижата за животната средина?

Грижата за животната средина е една од основните вредности, но за жал природата кај нас е многу загадена во однос на природата во Европа. Во гостувањето на ултрамаратонецот Тони Манев во спортскиот магазин Трибина на М Нет, една од теми за кои разговаравме беше и животната средина и колку истата ја чуваме во Македонија, и како е да се трча на планина во Македонија или пак во Европа или како што беше предизвикот на Манев на Алпите во Швајцарија каде истрча 270 километри.

Убавината на планинското трчање е тоа што децата ќе бидат во природа, а притоа покрај спортувањето децата ќе бидат едицурани и за тоа како треба да се чува природата.

Манев направи една компарација на трчање во градски средини и во планински средини, конкретно за трката на Алпите во Швајцарија.

Дефинитивно во Македонија треба да водиме повеќе грижа со цел да ја чуваме природата, а свеста кај секој еден граѓанин треба да бида на многу повисоко ниво.

Александар Ванев, М-Нет