Промена во распоредот во Втора лига и Купот, поради учество на аматерската репрезентација на турнир во Србија

Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за натпревари на ФФМ на вчерашната одржана седница донела одлука за промена на терминот за распоредот за 4. и 5. коло во Втората лига, како и за три натпревари во Купот на Македонија, а причината за оваа одлагање доаѓа поради учеството на аматерската репрезентација на Македонија на турнир во Србија во период од 12. до 19. септември 2024 година.

Тоа значи дека натпреварите од 4. коло во Втората лига наместо на 14. септември ќе се одиграат на 25. септември во 15 часот, а пак напреварите од 5. коло наместо на 21. септември ќе се одиграат на 22. септември (недела) од 15 часот.

Куп натпреварите Победа со Гостивар, Башкими со Воска Спорт и Беласица со Македонија ЃП се одложуваат од 18. септември за 2 октомври (среда) од 14 часот.

Тоа значи дополнително слободно време за второлигашите, а повеќе од јасно е дека ваквата долга пауза ќе биде искористена за одигрување на пријателски натпревари со цел да се одржува формата за продолжението од сезоната.

Екипите кои направија тренерски промени ваквата пауза ќе им биде добредојдена за поголеми подготовки.

Александар Ванев, М-Нет