Инспекциските служби во Кочани под истрага – функционирањето на општината во лоша состојба

Финансиски Општина Кочани е на средно ниво, но логистички е лоша – вели в.д. градоначалникот Венко Крстевски. Најголем проблем има кога се во прашање инспекциските служби кои се под Општина Кочани, и заради истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани, не можат да ја извршуваат својата рабоота. Крсвтевски се надева дека истрагата ќе биде завршена во најбрз можен рок со што ќе продолжи и функционирањето на општината.

„Општина Кочани во делот на финансиската состојба да кажам дека е во средна состојба, но во делот на логистика е лоша бидејќи е сардисана од пријави од страна на МВР. Мета сме на истраги, едноставно иснпекторските служби во рамки на Општината не се функционални,. Тоа влијае на целиот амбиент на работењето во нашата општина. Се надевам дека побрзо ќе заврши истрагата за да можеме да си ја работиме нашата работа.“ – вели Крстевски.

Со цел да и се помогне на Општина Кочани, во текот на вчерашниот ден беше склучен меморандум за соработка со Општина Струмица. Акцентот беше ставен на секторот урбанизам бидејќи Кочани има потреба од планери, архитекти и градежни инженери, а беше потенциран и проблемот со кучињата скитници.

„Склучивме меморандум за соработка со Општина Струмица. Во следниот период и со други општини ќе склучиме други меморандуми со што ќе ги зголемиме нашите инспекторски служби“ – додава Крстевски.

Крстевски помош побара и од колегите градоначалници од Источниот дел од државата, на денешната седница на ИПР.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет