
Со 12 проекти аплицира Општина Пробиштип на вториот повик од Влада, за искористување на средствата од унгарскиот кредит. Во прв план се ставанеи приоритетите за општината, како во градските така и во руралните средини. Акцентот е ставен на реконструкција на патната инфраструктура до повеќе населени места, а вредноста на проектите е околу два милиони евра.
„Се аплицираше со вкупно 12 проекти како уредување на градскиот стадион, рекострукција на патен правец до населено место Кундино, до Горни и Долни Стубол. Комплетно ќе се реконструира улицата Брегалничка, со канализациона и водоводна мрежа, уште една улица имаме во населба Калниште. Вредноста на сите овие проекти е некаде околу два милиони евра.“ – вели Анастасов.
Општина Кочани аплицираше со проект за изградба на пензионерски дом со капацитет за 141 лице, пред сѐ за потребите на кочанските пензионери. Домот треба да биде сместен во близина на ТППЕ Кочани и за изградба на истиот во прва фаза се потреби 266 милиони денари. Општина Кочани дополнително ќе финасисра дел од проектот со пари од општинскиот Буџет.
„Кочани ќе аплицира со пензионерски дом кој е децениски сон на нашите пензионери. Имаме над 8000 пензионери во градот и се надевам дека ќе добиеме позитивно мислење и позитивно решение од Влада и истиот проект ќе го реализираме во најбрз можен рок бидејќи тоа е децениски сон на сите.“ – вели Крстевски.
Сите општини од Источниот регион имаат доставено апликации на повикот на Влада, со помош на кои ќе реализираат проекти за подорување на условите за живот во самите општини.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет