
Повеќе од дваесет туристи од Белград денес го посетиа мултимедијалниот центар Киро Глигоров. Посетата се состои од три дела, проследување на краток филм, проследување на фотографии и посета на спомен собата во која се зачувани неговите лични предмети. Отаму додаваат дека интересот за посета постојано расте, а моментално се работат два филма и еден документарец за животот на првиот претседател на Република Македонија.
„Денеска имавме посета на туристи од Белград, Република Србија кои покажаа интерес да го испочитуваат ликот и делото на Глигоров и ја посетија спомен собата. Посетата на спомен собата на Глигоров се содржи од три дела. Едниот дел е филмот, краток филм кој трае 14 минути и го отсликува целиот пат на животот на Глигоров, изборот на фотографии кои го претставуваат неговиот животен пат и секако спомен собата на лични предмети. Интересот е навистина голем и минитата и годинава се зголемува интересот и од филмаџиите. Се работат два филма и еден документарец за животот на претседателот Глигоров.“ – изјави Панајотов
Посетителите од соседната држава импресионирани и пријатно изненадени од посетата на спомен собата на Глигоров, но и од филмот кој ја отсликува реалноста.
„Денес нашите пријатели од Штип ни предложија да дојдеме и да го видиме музејот на Киро Глигоров. Многу сум пријатно изненаден, многу е убаво овде и многу ми е мило што сум овде и што дојдовме во група за да видиме. Филмот ја прикажува реалноста. “ – велат посетителите
Очекувањата при создавањето на спомен собата на првиот претседател на Република Македонија се исполнети со што секојдневно бројот на посетители расте.
„Како што се очекуваше при создавањето на спомен собата на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров дека интересот од година во година се повеќе ќе расте. Се потврдува последната година, практично секојдневно имаме интерес и посети од наши граѓани, но и од граѓани од соседни држави посебно од поранешна Југославија, кај кој што споменот на претседателот е свеж поради неговата долга политичка и општествена кариера.“- вели Панајотов
Додаваат дека посетителите кои доваѓаат се и од соседните држави односно од граѓаните од поранешна Југославија кај кои споменот сеуште е свеж, затоа што неговата кариера од општествен и политички аспект е долга.
Лаура Стојанова, М-Нет