Кристијан Каранфиловски е првото засилување за новиот третолигаш Пчиња

Новиот член на Третата македонска фудбалска лига – Север екипата на Пчиња го промовираше првото летно засилување за новата сезона. Станува збор за Кристијан Каранфиловски со кого Пчиња ја засилува одбраната, играч со поголемо искуство, а доаѓа од редовите на БВК Коњаре.

Каранфиловски беше член на младинските школи на Вардар, потоа настауваше за ССК Нова во Трета лига – Север, беше играч на Кадино кога овој клуб настапуваше во Втората лига.

Како што дознава ексклузивно телевизија М Нет новиот член на Трета лига – Север екипата на Пчиња за новата сезона ќе се засили со уште четири до пет квалитетни играчи, а целта на Пчиња покрај обезбедување на опстанокот ќе биде да се избори и за повисок пласман на табелата.

Пчиња во баражот за влез во Трета лига – Север на теренот во Кадино преку пенал рулетот го совлада тимот на Студеничани и стана нов третолигаш.

Александар Ванев, М-Нет