
За новата сезона од Втората македонска фудбалска лига екипата на Детонит Плачковица го сочува костурот на тимот што беше главна цел, а ќе заминат играчите на кои тимот нема да смета на нив во новата сезона.
Како што веќе објави телевизија М Нет нови играчи во Детонит Плачковица се Кирил Неделков од Вардар Неготино, Христијан Поп Антоски од прилепска Победа и Панче Петров од прволигашот Силекс.
Меѓутоа, како што дознава телевизија М Нет ќе има уште неколку засилувања за новата сезона, со што Детонит Плачковица одново ќе биде конкурентен тим за местата кои водат во Првата лига.
Во првата изјава за телевизија М Нет како нов играч на радовишкиот второлигаш, новото засилување Панче Петров рече дека посакува успешен старт на подготовките, да одат натпревар по натпревар, но додава дека Радовиш заслужува Прва лига.
„Првенството е долго, треба да останеме фокусирани и да одиме натпревар по натпревар и исполнувајки ги барањата на шефот на стручниот штаб Иван Варадиновски да дојдеме до позитивен резултат на секој натпревар. Амбициите на клубот остануваат исти, со почит кон сите клубови сметам дека Детонит е зрел за Прва лига а радовишани тоа го заслужуваат. Затоа нивната поддршка ќе ни биде од огромно значење, и ја повикувам во огромен број да се приклучи на натпреварите и да испишеме историја за Радовиш и Детонит Плачковица“, изјави Петров за телевизија М Нет.
Варадиновски во изјава за телевизија М Нет ги потврди пријателските натпревари преку кои Детонит Плачковица ќе ја темпира формата за новата сезона.
Како што веќе објави телевизија М Нет, а потврди Варадиновски подготовките за новата сезона ќе започнат на 3. јули.
Александар Ванев, М-Нет