
Трета смена на директорот на ЈП Исар, идентично како и во ЈП Стипион. Во најголемото штипско претпријатие за неполни две години откако се промени Локалната власт на директорската фотелја седнаа тројца директори. Идентична е сликата и во ЈП Стипион. Од овде се поставува прашањето на што се должи толку честата промена на директори во двете штипски претпријатија. За многумина е несекојдневно како што вели градоначалникот Јорданов, но додава дека ова е нивен начин на работа. Додава дека целта е граѓаните во Штип да бидат задоволни од услугите кои ги добиваат.
„Свесен сум дека за многумина ова е несекојдневно и несвојствено. Во минатото во Штип и во другите државни институции промената и назначувањето на в.д. директори било на подолг временски период. Ова е наш начин на работа кој сакаме да го воспоставиме сѐ со цел да ја подигнеме мотивираноста кај секој еден од нас во заеднички договри и комуникација со сите соработници со кои сакаме оваа општина да ја подигнеме на повисоко ниво во позитивна смисла на зборот.“ – вели Јорданов.

Од 2021 година во директорската фотелја на ЈП Исар сднаа Трјаче Здравков, Трајан Коцев, а од денеска Кирил Зајков. Во ЈП Стипион пак директорската функција прв ја презеде Игор Ефтимов, па Кирил Зајков и денеска Панче Стефановски.
Градоначалникот Јорданов посочи дека и покрај тоа што од страна изгледа дека нема доверба па се менуваат директорите вистината е сосем поинаква. Соработка има, а според него тоа се гледа со реализираните проекти на дело.
Лаура Стојанова М-Нет