Значително зголемен бројот на пожари и во штипско, особено во селата Лакавица, Селце, Радање и Карбинци

Значително зголемен бројот на пожари и во штипско, особено во селата Лакавица, Селце, Радање, Карбинци, како и Горни и Долни Балван. Според командирот на ТППЕ Штип Благој Ренџов причината за оваа ситуација е високата температура и сувата трева која брзо се запалува. Упати голем апел до земјоделците да не ги палат стрништата.

,,Oваа недела имаме зголемен број на интервенции, најчесто према Лакавица, Селце, Радање, Карбинци, како и према Горни и Долни Балван. Интервенциите се зголемени и тоа се претежно запалени стрништа. Со ова сакам воедно да дадам и апел до земјоделците да не ги палат своите стрништа, бидејки температурите се високи и за кратко време тревата е сува и висока и имаме неконтролирано горење на тревата.“, рече Ренџов

Според Ренџов дури 80 проценти од пожарите се предизвикани од човечки фактор, но има и случаи кога со спојување на жици од електрични столбови се предизвикува пожар.

Командирот Ренџов и понатаму замолува на големо внимание, особено до земјоделците, да не се палат стрништата, се со цел да дополнително да не се отежнува ситуациајта со пожарите во истокот.

Иван Митев, М-Нет