
Куферите се полнат за тугина, а со секој затворе куфер, заклучено и скршено е срцето на родителите. Празнината што останува во домот е неподнослива. Собите се празни, неми и темни. Заминувањето на младите не е само обична разделба. За родителите тоа е болка што нема лек, неизмерна таги што ги погодува со секое збогување. И додека младите заминуваат по нови можности, родителите остануваат со прашањето: „Ќе се вратат ли некогаш?“ Празнините во собите не се само физички, туку и емоционални. Тие се слика на еден од најтешките моменти во животот на секој родител.
Анкетираните се согласни дека своите најмили ги гледаат само еднаш до два пати во годината, но сепак од друга страна се барем
Родителите сведочат за болката која не може да се заздрави. За празнината која останува во нивните срца. За надежта дека можеби, еден ден, нивните деца ќе се вратат, но не и за сигурноста дека тоа ќе се случи. И додека тоа се случува, Македонскиот дом останува празен, а тагата неизбежна.
Иван Митев, М-Нет