
Златото во рацете на младата штипјанка Ивона Наумова и прво злато за Пливачко спортскиот клуб „Челични“ од Штип. На националното првенството кое се одржа во Скопје на 27 април годинава, Ивона се натпреваруваше со околу 13 учеснички поделени во две категории и заврши прва во категоријата пливање, делница 5000 метри. Ова е огромен успех за Ивона, но и за клубот, истакна тренерот Јакимовски.
„Ова е еден најголем успех и голема мотивација. Од летниот период повторно ќе почнеме со подготовки за следните маратони. Повикувам да се вклучат што повеќе деца, бидејќи ова е општокорисен спорт. Во оваа група спаѓаат уште неколку дечиња кои се активни пливачи, но не учествуваа на ова национално првенство“, вели Јакимовски.
Во категорија делница 5 километри младата Наумова учествува за првпат и го освојува златото. Минатата година пливала на делница 2,5 километри.
„Ова ми беше првпат што испливав 5 км и освоив прво место. Минатата година пливав на 2,5 км. Имам освојувано медали и на Велешки маратон. Се надевам дека ќе имаме повеќе успеси во иднина“, вели Наумова.
Подготовките на овој пливачко спортски клуб продолжуваат и во наредниот период.
„Со завршувањето на ова првенство, ќе продолжиме со подготовки. Ќе имаме неколку натпревари во Скопје, Србија. Во летниот период почнуваме со подготовка за Македонскиот куп во далечинско пливање, којшто оваа година е поделен во пет дела“, додава Јакимовски.
Јакимовки ги повика децата младите да се придружат да научат да пливаат и заеднички да дојдат до ново злато.
Лаура Стојанова М-Нет