Започнаа подготовките за поставување на асфалт на улицата „Корушка“ чија реконструкција започна пред околу еден месец. Оваа улица не била реконструирана во изминатите 60 години, а во првата фаза се реконстура подземната инфраструктура, односно промената на водоводна и канализициона мрежа. Во процесот на реконстукција на улицата беа вклучени и екипи од ЈП „Исар“
Инвестицијата е на Општина Штип во вредност од 1.497.000 денари.

Граѓаните кои живеат на оваа улица велат дека сите проемни се многу потребни. Затоа што во минатото се соочувале со многу проблеми со старите цевки. Откако заврши промената на подземната инфраструктура ќе се работи на отстранување на коцката и започнување со асфалтирање со цел пристапот да е полесен и современ како што доликува.
Од Локалната самоуправа посочуваат дека секојдневно се работи на реконструкција на повеќе улици во повеќе населени местта во Штип со што Општина ќе добие нов урабнизиран изглед.
Лаура Стојанова, М-Нет