
Денес во чест на патрониот празник на училиштето Димитар Влахов, беше откриена неговата биста. Се започнало од една скоро релаизирана идеја споменета спонтано во разговор, која била проследена со разговори од учениците, родителите и наставниците. Главен удел во одлуката за поставување на биста имале советот на родители, советот на училишниот одбор и советот на Општина Штип. Посебна благодарнот се изразува до уметникот Далибор Николовски- Дачо кој што придонел ликот на Димитар Влахов да добие своја душа.
„Ова денес е една реализирана идеја која започна сосема случајно во еден разговор, кој најпрво беше спонтан, а потоа следуваа разговори со учениците, наставниците, и родителите.Преку совет на родители и преку совет на училишен одбор и секако преку наставничките совети, и советниците од Општина Штип кои едногласно се одлучија да ние како училиште денес добиеме биста на револуционерот Димитар Влахов. Се заблагодарувам на сите оние кои придонесоа ние денес да имаме наше сопствено спомен обележје во нашиот училишен двор. Се заблагодарувам на творецот на бистата Далибор Николвски- Дачо кој успеа од парче метал да напрви една творба која доби своја душа. Како што рекол Димитар Влахов: “ Македонскиот народ е посебен народ, тој има своја историја, своја кулутра, тој има долгогодишна револуционерна борба за ослободување .“ вели директорката на училиштето.
Градоначанликот Иван Јорданов од самиот настан изрази апел до сегашните и идните генерации да се чува неговиот лик и дело затоа што тој го дал животот за Македонија.
„ Чест ми е и задоволство што сум присутен и дел од овој настан по повод 40 години од воспитно-образовниот процес во училиштето Димитар Влахов, во рамки на програмата за обележувње на патронот на училиштето “ изјави Иван Јорданов
Настанот беше збогатен со забавно – музичка програма, организирана од учениците и наставниците од самото училиште.
Лаура Стојанова М-Нет