
Денес првачињата од ОУ“Димитар Влахов,, во Штип го започнаа првиот училишен ден на свечен начин. Измешани чувства на среќа, страв и радост можеше да се види на нивните лица. Нашето училиште ќе ги дочекаат првачињата со многу љубов, а наставниците ќе пружат топли насмевки и внимание, истака директорката на училиштето Невенка Величкова за М-нет телевизија и додава дека ова за нив ова е нов втор дом во кој тие ќе се чувствуваат удобно и среќно.
“Денес е посебен ден, денес е празничен ден, денес е првиот ден од новата учебна година, денес е првиот учебен ден за нашите првачиња. На нивните лица може да се види дека тие имаат среќа , имаат страв. Среќа поради новиот почеток, а страв од она што е ново и непознато. Сакам да им порачам на нашите првооделенчиња и на нивните родители да бидат спокојни. Нашето училиште и сите вработени ќе ги дочекаат со многу љубов и внимание, а нашите наставнци ќе им пружат топли насмевки, нови другарчиња, а учебниците и книгите ќе им бидат нивни први другари.“ , истакна Величкова
Покрај наставниците, имаа можност да уживааат и првачињата заедно со своите родители, па додаваат дека се среќни што ќе бидат дел од ова училиште.
„Се викам Јани и сум многу среќен што денес сум овде“, истакнаа првооделенчињата
Покрај, во осното училиште Димитар Влахов, денес свечен дочек на првачињата имаше и во останатие училишта, а нивните блиски од семејството им посакаа многу успех и среќа.
“Многу успех, среќа и се најдобро. Да биде се мирно и радосни да бидат децата“, велат граѓаните
Инаку, во ООУ“Димитар Влахо,, се запишани првооделенци кои што според законот располагаат во границата на законскиот максимум и имајќи во предвид големината на населбата Сењак, може да се каже дека класовите кои што се четири два во “А,, смена и два во “Б,, смена задоволуваат со оптимален, односно максимален број на запишани ученици.
Лаура Стојанова, М-Нет