
На крај на месецот задоволителна раздвиженоста на градскиот пазар во Штип. Но, купувачите слаби со пари, па побарувачката варираше во зависоност од производите кои се продаваа. Доматот денеска можеше да се купи по цена од 50 до 90 денари, додека цените на останатите производи беа речиси идентични како и претходниот петок. Ама споредбено со лани цените на производите се понсики, велат продавачите.
„Раздвиженоста е добра, ама побарувачката сега на крајот на месецот не е добра, нема плати, пензии. Очекуваме наредниот петок да биде подобро. Цените се пристапни за граѓаните, ама споредбено со претходната година цените се понсики.“ – велат продавачите.
За купувачите и денеска скапо, но велат дека мора да се купи по некој килограм овошје и зеленчук за дома. Секој согласно своите примања си дозволува да купи што е најнеопходно.
„Цените се како и секој петок, скапо е ама што да се прави, куќа е мора да се купи. Избор има“ – велат граѓаните.“
И денеска на пазарот во Штип најмногу се купуваше домати, зелка, производи за зимница, сезонско овошје.
Лаура Стојанова М-Нет