
Инфраструктура, работа на јавни установи, прептријатија, помош за граѓаните и слично се само дел од одлуките кои се носат на седниците на Советот на Општина Штип. Советниците се избрани од страна на граѓаните, а нивна задача е да одлучуваат за најдоброто на градот и граѓаните. Но, колку штипјани имаат увид во работата на советниците? Сите седници се пренесуваат во живо на страницата на општината, и толку. До сега не се случуило граѓани да присуствуваат на седница и да се започнаат одблизу со случувањата во салата на советот. По вчершаната одлука седниците да се пренесуваат на социјалните мрежи и да бидат потранспарентни, на терен ги прашавме штипјани колку се запознаени со работата на советниците во Советот на Општина Штип.
Седниците на советот на Општина Штип се отворени за медиуми и граѓани, но тоа го знаат малкумина и затоа не се случило граѓани да присуствуваат на совет на кој се одлучува таканаречено за иднината на градот. Повозрасните штипјани кои помалку имаат пристап до социјалните мрежи се согласни дека пренесувањето на седниците треба да се одвива преку телевизија, ама за надлежните попрактично е нивно пренесување преку социјалните мрежи.
Лаура Стојанова М-Нет