
Околу 750 денари ќе добијат плус пензионерите кои земаат пензија од 11 илјади денари на крајот на месецов, согласно новото покачување од 7% кое го најави Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Но, за пензионерите во Штип ова покачување не значи ништо. Анкетираните велат, со покачувањето ан цените на се останато, со 700 денари не можам да си купат најосновна храна ниту за два дена.
“750 денари ништо нема да значат. Пенизонер сум, долго време работев по терени, со 11 илјади пензија, а 750 денари премиерот нека ги земе, па да види со колку ќе издрже тој“
На прашањето како живеат и преживуваат пензионерите во државата од први до први велат едвај, тешко е не чини, бидејќи од почетокот до крајот не месецот едвај врзуваат крај со крај.
За неколку дена ќе започне и исплатата на септемвристите пензии за пензионерите. Исплатата се врши етапно, според примањата на пензионерите од најниски до највисоки, со цел да не се создава гужва пред банките и да се зашитити јавното и колективно здравје.
Лаура Стојанова М-Нет