
Со одигрување на два меча синоќа продолжија натпреварите во рамките од Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ На спортскиот герен во Чардаклија беше мошне ефикасно и гледачите можеа да видат дури 9 голови. Во првиот меч помеѓу екипите на Тас Комерц и Далга резултатот беше 3:0, додека вториот меч Чардаклија – Спиро заврши со резултат 2:4. Денес сабота и утре недела за екипите ќе бидат слободни денови, а турнирот ќе продолжи во понеделник со одигрување на два нови натпревари. Во првиот меч со почеток во 19.00 часот ќе се сретнат екипите на Матива – Драгеви ДООЕЛ, а во вториот натпревар со почеток во 19.50 ч. ќе се сретнат Еко ОИЛ – Инфинити.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk