Бојан Миовски продолжува со фудбалските „снајперски рафали“ во Унгарија

Една недела пред почетокот на првенството во Првата OTP BANK лига на Унгарија, штипјанецот Бојан Миовски веќе ги има подесено нишанските справи и најавува нова голгетерска бериќетна сезона. Попладнево неговиот тим МТК одигра пријателски контролен натпревар со прволигашот Mezokovezd кој заврши со победа од 3:0 за тимот на МТК. Бојан Миовски ја „начна“ мрежата на гостинскиот голман уште во 9 минута и донесе водство на МТК од 1:0. Во 67 м. Бојан Миовски беше асистент и при постигнувањето на вториот гол а стрелец беше Димитров. Истиот играч, Димитров го постигна и третиот гол за конечен резултат – победа на МТК со убедливи 3:0 во 81 минута. Инаку првенството во Првата OTP BANK лига на Унгарија ќе започне комбинирано на 30 и на 31 јули а во првото коло ќе се сретнат Gyirmot – MTK кој пак ќе играат на 30 јули со почеток во 20.30 часот. Спортската редакција на MНЕТ ТВ му посакува пред се добро здравје и успешна голгетерска сезона на Бојан Миовски.

Драги Герасимов – Пушка Мнет.мк