Еурофарм Пелистер 2 се пресели во Пехчево, Алкалоид ја подига формата во Маврово

ФОТО: РК Алкалоид

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 се пресели во Пехчево каде ќе одработува дел од подготовките под водство на шефот на стручниот штаб Александар Зарков.

Повратникот во ракометната елита го одбра Пехчево каде има одлични временски услови за подигање на формата. Ќе се работи со двојна тренинг сесија, а акцент ќе се стави на физичката подготвеност и на тактично-техничкиот дел, со што работарите ќе останат до крајот на неделата во Пехчево, а потоа ќе се вратат во Битола.

Исто така, во втората фаза од подготовките ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари за проверка на формата.

Екипата на Алкалоид се сели во Маврово и започна со тренинзите кои ќе бидат дел од висинско-базичните подготовки за новата сезона во домашниот шампионат и Европа.

Стратегот Кирил Лазаров ги има сите ракометари на број, а тимот од Автокоманда во Маврово ќе помине 10 дена, по што ќе се пресели во Србија и Хрватска, каде ќе се одиграа и пријателски натпревари за проверка на формата пред почеток на македонскиот шампионат кој е закажан за 6 септември.

Александар Ванев, М-Нет