
Ставен под контрола пожарот на планината Готен од беровска страна. На терен денеска се пожарникарите од територијалната противпожарна едница Берово, шумско стопанство како и словенечката екипа која пристигна во Берово. Во гасењето на пожарот прионесе и дождот во текот на вчерашниот ден.
„Во текот на денешниот ден дејствуваме со ТППЕ Берово, шумско стопанство Малешево и словенската екипа. Имавме поддршка од воздух од чешкиот хеликоптер. Огнот е ставен под некоја контрола поради тоа што вчера имаше и врнежиод дожд. Беа минимални но олеснителни.“ – вели Гошевски.
Сите екипи изминативе две недели работеа заеднички и координирано со цел да се изборат со пламените јазици на планината Готен кои зафатија три општини. И овој пат на помош пристигнаа пожарникари од Словенија, со специјални возила за гасење шумски пожари. Тие во државата пстануваа седум дена, а лоцирани се на стадионот во Берово.
„Сите екипи работат паралелно, со мешани екипи. Се прави целосна анализа на состојбата и заклучоците се заеднички.“ – додава Гошевски.
Согласно последните информации од Центарот за управување со кризи до 12 часот на територија на државата, има само едно пожар на планината Готен кон Малешевските планини кој е под контрола. Гореше бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет